Романскиот Ботошани во кој играат двајцата македонски фудбалери Давид Бабунски и Стефан Ашковски ќе биде противник на Шкендија во второто квалификациско коло во Лигата на Европа.
Пред овој натпревар како фаворит се истакнува романскиот претставник, сепак тренерот на Ботошани, Мариуш Коитoру не мисли дека неговиот тим е фаворит. Според него Ботошани е означен како фаворит само затоа што доаѓа од Романија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да биде лесен натпревар во тоа сум сигурен. Ова е историски момент за нашиот клуб. Не сметаат за фаворити затоа што сме од Романија, а тие од Македонија меѓутоа ако видиме што се направиле не е баш така. Биле шампиони, секогаш се во топ 3 во домашното првенство од 2013 година па наваму имаат добри настапи во квалификациите…Тешко е за ваков натпревар да се направи стратегија која ќе функционира од почетоот до крајот“, изјави Коитору.
Тотенхем кој е можен противник на победникот од овој натпревар е дополнителна мотивација.
„Тотенхем дава дополнителна мотивација. Тоа е фантастичен тим и секој фудбалер би сакал да игра против еден таков противник. Таков натпревар носи бенефит за секого, па затоа ќе направиме се што можеме за да имаме можност да играме против Тотенхем“, порача фудбалерот на Ботошани Георге Цимпану.