Бранислав Ивановиќ потпиша едногодишен договор со екипата на ВБА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После три сезони поминати во руски Зенит тој одлучи да се врати во Англија, а во Вест Бромвич го донесе Славен Билиќ.
„Тој е одлично засилување за нас, тим кој е нов во лигата. Неговото искуство за нас ќе биде голема помош.“ – изјави Билиќ и додаде:
„Не е само големо тоа што го донесовме, туку неговото влијание кое ќе го има, не само за дефанзивците, туку и за целиот тим околу себе.“
Ниту Ивановиќ не го криеше задоволството што се врати во Премиер лигата.
„Премиер лигата е најдобрата лига на светот. Морам да поставам предизвици пред себе и сум подготвен да помогнам. Среќен сум што се вратив во ПЛ.“ – рече Ивановиќ.