Поранешниот сопственик на Формула 1 тимот „Џордан ГП“, Еди Џордан во интервју за британскиот „Дејли Мејл“ тврди дека Мерцедес ќе се повлече од Формула 1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Џордан ГП“ се натпреваруваше во Формула 1 во 90-тите години, а сега нивниот поранешниот сопственик тврди дека во Мерцедес веќе се согласиле да продадат 70% проценти на компанијата „Инеос“. Тој ја открива и сумата за – 750 милиони евра!
„Инеос веќе е еден од спонзорите на Мерцедес во Формула 1 и ова ќе биде елегатно излегување на тој тим од овој спорт. Тимот ќе ги зачува организациските структури, но ќе се вика Инеос. Мерцедес ќе задржи само 30% од акциите, Тото Волф нема да биде шеф на тимот“, изјави Џордан.
По овие изјави „Дејли Мејл“ ги контактирале во тимот на Мерцедес од каде што наводно ги демантирале ваквите информации.