Вчерашното дерби во Лига 1 заврши со вистински хаос, настана тепачка помеѓу играчите, а петмина фудбалери беа исклучени.
Помеѓу играчите кои добија црвени картони беше и Нејмар. Нејмар имаше судир со Алваро Гонзалес. Бразилецот го обвини Гонзалес дека расистички го навредил и затоа го нападнал, дури по натпреварот порача и дека жали што не го нокаутирал (таа објава на Нејмар погледнете ја тука).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гонзалес не остана без одговор на оваа реакција на Нејмар па му возврати.
„Нема простор за расизам. Имам чиста кариера со многу пријатели со кој се дружам секојдневно. Некогаш треба да научите да губите и да го прифатите поразот. Неверојатни три бода. Напред Марсеј, благодарност до семејството“, порача Гонзалес.