Дома Фудбал Куман конечно се огласи: Среќен сум што Меси остана

Куман конечно се огласи: Среќен сум што Меси остана

Утре Барселона го игра првиот пријателски натпревар на кој ќе дебитира новиот тренер Роналд Куман.

Куман денес зборуваше пред медиумите и секако главна тема беше Меси и неговото останување во Барселона. Холандскиот тренер истакна дека во моментов најважно е Аргентинецот да влезе во оптимална форма.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Одлично е што остана бидејќи Лео е најдобриот фудбалер во светот. Да имаш таков фудбалер во тимот е нешто исклучително. Во моментов за нас е важно Меси да се наоѓа во најдобрата физичка форма, бидејќи никој не се сомнева во неговиот квалитет. Сите во Барселона сме среќни што остана со нас“, истакна Куман.

„Убаво е што утре се враќаме на терените. Сите фудбалери ќе можат да одиграат одредени минути. Резултатот не е важен, важно е фудбалерите да почнат да ја применуваат мојата тактика и визија на теренот“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…