Дома Фудбал Гризман: Со Меси одлично се разбираме

Гризман: Со Меси одлично се разбираме

Ѕвездата на Барселона, Антоан Гризман ги негираше тврдењата на медиумите дека не е во добро односи со капитенот Лионел Меси.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Гризман призна дека ова е тешка години за сите во клубот и се пожали дека му сметаат трансферните шпекулации.

„Ова беше многу комплицирана сезона за сите во клубот. Постојано ги слушам тие приказни за Меси, добро се сложуваме надвор од теренот. Во играта, исто е како со Килијан Мбапе. Отпрвин не можев да ги најдам вистинските додавања, ми требаше многу време да ги најдам. Исто е и со Лео, но сега се разбираме одлично“, истакна Гризман.

„Во Барса ми  е многу убаво. Знам дека имам доверба од тренерите и сите во клубот. Оттука, јас сум желен да ги видам моите колеги повторно, сакам да сториме се за да освоиме трофеи затоа што ова беше неуспешна сезона за клубот. Помина долго време откако Барселона не освоила трофеј. Сакам да им помогнам на моите колеги и повторно да победуваме заедно“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР-системот го одреди шампионот на Англија?! (Видео)

Во лондонското дерби, Вест Хем бараше бодови за спас, а Арсенал за титулата. На крајот, ти…