Тимот на Шкендија потврди дека Омер Имери се сели во Анталијаспор.
Имери ја напушта Шкендија на една година пред истекот на договорот. Станува збор за играч кој потекнува од Шкупи, а во Шкендија дојде во 2018 година. Имери беше дел и македонски младински репрезентативец, но потоа се реши да игра за Албанија.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Претходно Имери се поврзуваше со Фенербахче, но нак рајот тој заврши во Анталија каде што ќе биде соиграч со Адис Јаховиќ.
„Шкендија му се заблагодарува на Имери за придонесот, посветеноста и игрите во црвено-црните дрес“, објавија од клубот од Тетово.
Трансферот на Имери изнесува околу 200.000 евра.
