Тенискиот свет е во шок откако вечерва Новак Ѓоковиќ заработи дисквалификација на УС Опен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Српскиот тенисер вечерва го играше натпреварот од осминафиналето против Шпанецот, Пабло Карењо Буста, но натпреварот беше прекинат во финишот на првиот сет при резултат 6:5 за шпанскиот тенисер.
Имено, откако Карењо Буста поведе со 6:5 Ѓоковиќ беше видно разочаран, по што ја удри топката со својот рекет која на крајот ја погоди линиската судијка.
Новак веднаш тргна да се извини, а таа со нејзниот поглед едноставно го “замрзна“ Србинот, но и секоја надеж дека натпреварот ќе продолжи.
