Лео Меси денес во опширно интервју дадено за „Гоал“ стави крај на сагата околу неговата иднина и објави дека останува во Барселона.
Меси во интервјуто жестоко го нападна претседтелот на Барселона, Бартомеу и целото раководствот и изјави дека останува само поради фактот што не сака да оди на суд со клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Раководството на чело со Бартомеу е катастрофа. Клубот нема никаков проект, само потполнуваат дупки. Му кажав на претседателот дека сакам да си одам и тоа му го зборувам веќе 12 месеци, но на крајот одлучив да останам затоа што не сакав работата да заврши на суд“, истакна Меси.
„Им реков на луѓето во клубот, посебно на претседателот дека сакам да си одам. Тоа му го зборував цела година. Верував дека на клубот му се потребни нови, млади лица и дека моето време заврши. Жал ми е бидејќи секогаш зборував дека токму тука сакам да ја завршам кариерата. Ова беше тешка година во која многу патев. Претседателот цела година ми зборуваше дека на крајот можам да одлучам дали ќе останам или ќе си одам, но на крајот не го одржа зборот“.
„Сега не знам што ќе се случува. Имаме нов тренер, нови идеи. Тоа е добро, но треба да видиме како тимот ќе одговори на тоа, дали ќе можеме да се натпреваруваме на највисоко ниво. Она што можам да го кажам е дека останувам и ќе го дадам најдоброто од мене за Барселона“, заклучи Аргентинецот.