Младинските репрезентации на Македонија и Шпанија вчера во Скопје играа натпревар од квалификациите за Европското првенство.
Шпанска „Марка“ ги оценуваше фудбалерите по натпреварот и според оценките тие не се многу задоволни како одигра нивната репрезентација. Шпанија во Скопје не покажа премногу, победија благодарение на голот од пенал во финишот од натпреварот. Ние пропуштивме шанса да изедначиме само неколку минути подоцна, Димитар Митровски не успеа реализира најстрога казна во наша корист.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најголема оценка (три ѕвезди) кај Шпанија доби голманот Хозе Мартинез кој го одбрани пеналот на Митровски. Кај нас со по две ѕвезди беа оценети Фазлагиќ и Чурлинов, останатите имаа по една со исклучок на Митровски кој единствен од стартерите остана без оценка.