Ѕвездите на ПСЖ, Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес се заразени со корона вирусот, пренесуваат француските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Актуелниот француски шампион ПСЖ синоќа ја информираше јавноста дека двајцата играчи се „сомнителни дека биле заразени со корона вирусот“.
Станува збор за Ди Марија и Паредес и тие веќе се предмет на соодветен здравствен протокол, а вирусот најверојатно го добиле на нивните одмори на Ибица. Денес позитивен на корона тест се покажа и Нејмар.
Засега не е познато дали Бразилецот чувствува некакви симптоми, но веднаш бил ставен во изолација.
По последниот натпревар од Лигата на шампионите, тројцата фудбалери заминаа на одмор заедно, а проблем е што се дружеа со Икарди, Херера, Верати и Навас на Ибица, па најверојатно и тие ќе бидат ставени во самоизолација.
? Neymar, Di María y Paredes, positivos en #COVID19.
— ChiringuitoChampions (@chirichampions) September 2, 2020
Vía L’EQUIPE pic.twitter.com/WbhJEvpB79