Раководството на Барселона е решено до крај да си ги бара правата во „драмата“ со Лионел Меси.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Кадена Сер“ открива дека Барселона веднаш ќе отвори дели против самиот играч и неговиот евентуален нов клуб.
Честа пракса е во ситуација како актуелната ФИФА да даде зелено светло на фудбалерот да потпише за друг клуб, без притоа сите спорни прашања со бившиот клуб да бидат решени.
Тоа се прави за да може фудбалерот да ја практикува професијата, а не долго време да биде надвор од терените и да чека крај на правната процедура.
Од „Камп Ноу“ се категорични во позицијата дека Меси нема право да го раскине договорот, дека времето за активирање на клаузулата е истечено и може да замине само за сума од 700 милиони евра.