Дома Македонски спорт Чурлинов пред Шпанија: Кога играме дома ние се гледаме како фаворити

Чурлинов пред Шпанија: Кога играме дома ние се гледаме како фаворити

Селекцијата на Македонија до 21 година утре во Скопје ќе игра натпревар против силната Шпанија, а потоа младинците ги очекува дуел против Фарските Острови.

Еден од оние од кои најмногу се очекува во младинската селекција, Дарко Чурлинов верува дека можеме да се надеваме на четири бодови пред овие две средби.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Тренираме и се обидуваме да најдеме слаби страни на Шпанија. Тие нормално се фаворити, но кога играме дома ние се гледаме како фаворити. Во првиот натпревар против нив изгубивме поради наши грешки. Ако бидеме фокусирани мислам дека можеме да извлечеме добар резултат. Верувам дека во следните два натпревари можеме да освоиме четири бода“, изјави Чурлинов.

Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија се игра утре со почеток од 18:45 на на националната Арена „Тодор Проески“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…