Светското првенство во ракомет ќе се одржи во Египет од 13 до 31 јануари наредната година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На собирот на најдобрите светски репрезентации за првпат ќе учествуваат 32 репрезентации, а поради пандемијата германските клубови се жалат се повеќе и бараат истото да се откаже.
Меѓутоа од тоа нема да биде ништо, тоа го потврдија и од Светската ракометна организација. Направен е и посебен Ковид протокол.
Здравстцената комисија ИХФ одлучи сите учесници на СП да мора да имаат негативни тестови на Ковид-19 не постари од 48 часа. Исто така учесниците ќе мораат да се тестираат и на 72 часа, а оние кои ќе бидат позитивни ќе се сместуваат во карантин.
Планот е публиката да има, но со 25-30% од капицетот на салите. Сите присутни ќе мораат да носат маски и да одржуваат социјална дистанца.