Дома Македонски спорт Mилевски: Покажавме дека може да се надигруваме со Шпанија ?

Mилевски: Покажавме дека може да се надигруваме со Шпанија ?

Mладата репрезентација на Македонија до 21 година ги започна подготовките за евроквалификациите за пласман на ЕП 2021.

За четири дена на 3-ти септември младинците ќе играат против европскиот шампион Шпанија кој ќе гостува во Скопје.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Најважно ми е да бидат сите играчи здрави. За останатото што ни е потребно за Шпанија ќе го договараме дополнително. Што се однесува до самиот натпревар, напоменав и претходно дека по промената на системот на натпреварување за тоа кој и како ќе се квалификува за претстојното Европско првенство. На нас ни останува до крајот на квалификациите да одиме на победи и да собираме што е можно повеќе бодови. Покажаа момците дека имаат квалитет да се спротистават  на најдобрата репрезентација во Европа и тоа ми дава за право да бидам оптимист за овој натпревар. Секако, некои сегменти треба да се поправат и на овој натпревар ќе играме како што треба цели 90 минути. Што се однесува на тактички план, момците одиграа феноменално. Голот кој го примивме на стартот на дуелот е мала деконцентрација и индивидуални квалитети на противникот, но останатото е како што планиравме. Најважно ми е во моментов да сме физички подготвени и физички да одговориме на предизвиците“, изјави Милевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …