Дома Топ вести Познати деталите: Сити на Меси му нуди вистинско богатство

Познати деталите: Сити на Меси му нуди вистинско богатство

Лионел Меси може да пристигне во Манчестер Сити како слободен агент, но тоа не значи дека „граѓаните“ нема да потрошат голема сума за неговиот потпис.

Веќе се појавија детали од понудата на Сити кој на Меси му нуди 5-годишен договор од кои три да ги помине на „Етихад“, а останатите две во Њујорк Сити, клуб кој ги има истите сопственици.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Каталонски „Спорт“ откри каква сума ќе добие Меси за тие пет години. Станува збор за неверојатни 750 милиони евра. Аргентинецот ќе зема плата од 100 милиони евра бруто по сезона.

Останатите 250 милиони ќе му бидат дадени во форма на бонуси, доколку пристигне во Манчестер Сити како слободен агент. Бидејќи финансискиот фер-плеј нема да дозволи таа сума да му биде дадена веднаш, Меси ќе ги добие тие пари кога ќе се пресели во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…