Во Барселона овие денови владее вистински хаос, додека Роналд Куман се обидува да склопи тим за наредната сезона целото внимание е насочено кон Лионел Меси кој е пред завршување на неговата ера во дресот на Каталонците.
За целата ситуација сега отворено зборуваше чилеанскиот фудбалер Артур Видал кој е еден од оние фудбалери на кои Куман не смета за наредната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во клубот не се проблем само играчите, јасно е дека многу работи погоре не се како што треба. Клубот мора да се подобри и тоа да го направи што побрзо и на подобар начин. Не е лесно да се променат некои работи. Барселона прво мора да го промени начинот на размислување, треба да сфатат дека фудбалот се промени. Фудбалот сега бара многу поголема физичка спремност, потребно е повеќе сила и брзина, а техниката често паѓа во втор план“.
За дебаклот против Баерн.
„Беше многу болно…Пред натпреварот верував дека може да поминеме, но тогаш стана јасно дека работите не се во ред. Ние направивме грешки, а од другата страна имавме среден клуб со победнички менталитет. Кога на сетоа тоа ќе се додаде дека бевме слаби и во главата, се случи она што се случи“.
Еден од клубовите со кои Видал се поврзува во медиумите е и неговиот поранешен тим Јувентус.
„Ако Јувентус ме побара ќе бидам среќен. Тоа ми е драг клуб и би сакал да соработувам со Пирло како тренер. Ќе видиме што Барселона на крајот ќе одлучи“, изјави Видал.