Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси доби „ветер во грб“ во намерата да го напушти клубот како слободен агент.
Шпанските медиуми пренесуваат дека ФИФА нема да прави никакви пречки на трансферот на Аргентинецот, ако тој ја активира клаузулата во договорот и го напушти „Камп Ноу“ како слободен играч.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Како што е познато, раководството на Барса настојува дека рокот за активирање на клазулата која му го овозможува тоа истекла на 30. мај.
Меси и неговиот тим пак имаат став дека тој има право да го раскине договорот во рок од седум дена после финалето во ЛШ.
Од ФИФА нема да се мешаат во овој спор, кој може да биде решен единствено од шпанскиот суд. Од ФИФА секогаш му даваат предност и ја заштитулаат волјата на играчот, па нема да прават проблеми при евентуален трансфер како слободен играч.
Од УЕФА исто така ќе дадат „зелено светло“ за трансфер доколку Меси ја активира клаузулата и стане слободен играч.
✅ Si llega una oferta, la FIFA tramitará el fichaje del argentino por otro club porque prima el derecho a jugar del futbolista por encima de una disputa legal por la cláusula que no es de su competencia
— Diario AS (@diarioas) August 26, 2020
? @AS_Marotohttps://t.co/riAbCBAbU4