Милан и Златан Ибрахимовиќ кончено постигнаа договор за продолжување на соработката, тврдат италијанските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ сакаа да го задржат искусниот напаѓач уште една сезона на „Сан Сиро“, но не можеа да постигнат договор со неговиот агент.
Милан понуди 5 милиони евра плус 2 милиони во вид на бонуси, додека Ибра бараше годишна плата од 7 милиони евра фиксни.
„Скај Италија“ тврди дека „росонерите“ ја подобриле понудата на 6,5 милиони евра фиксни по сезона и двете страни конечно постигнале договор.
Ибра моментално се наоѓа во Шведска и се очекува денес или најдоцна утре да пристигне во Милано и да стави потпис на договорот, а потоа да им се придружи на соиграчите кои вчера ги започнаа подготовките за новата сезона.