Дома Топ вести Куман со една реченица го „избркал“ Меси од Барса

Куман со една реченица го „избркал“ Меси од Барса

Лионел Меси преку факс ја извести Барселона дека ова лето сака да го напушти „Камп Ноу“, а сега се појавија информации зошто донел таква одлука.

Според голем број шпански медиуми, новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, се сретнал со Меси и му рекол дека веќе никој нема да има привилегии и уживање во тимот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Привилегиите кои ги имаш завршија. Треба да направиш се за тимот, не треба да мислиш само на себе, туку на тимот“, биле зборовите на Куман кои само ја прелеале чашата.

Според „Мундо Депортиво“, одлуката на играчот била и под влијание на тоа што Барселона одлучи да се ослободи од неговиот пријател Луис Суарез.

Меси е во конгфликт и со претседателот Бартомеу и верува дека сегашното раководство не е во состојба да ја промени ситуацијата на подобро и да создаде конкурентен тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Тажни вести од Белград: Почина легендарниот фудбалер на Црвена звезда

Поранешниот капитен на Црвена звезда и водачот на незаборавната „генерација 1984“, Дејан М…