Дома Фудбал Лига на шампиони „Чистка“ после триумфот: Дел од хероите на Баерн си заминуваат

„Чистка“ после триумфот: Дел од хероите на Баерн си заминуваат

Дел од играчите на новиот европски шампион Баерн Минхен ќе го напуштат клубот ова лето, пренесуваат германските медиуми.

Најчесто споменуваното име за евентуално заминување е Тиаго Алкантара. Плејмејкерот влезе во последната година од договорот, клубот потврди дека одбила да ја продолжи сораборката па најверојатно ќе биде продаден ова лето. Медиумите тврдат дека веќе има договор со Ливерпул.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неизвесна е иднината и на Давид Алаба. Преговорите за нов договор се „замрзнати“ откако Австриецот побара плата од 20 милиони евра по сезона. Неговиот договор истекува во 2021 година, па Баерн ќе биде приморан да го продаде ако не потпише нов договор со крајот на септември.

Хави Мартинез е во Минхен од 2012 година, но неговата минутажа драстично се намали оваа сезона и клубот нема да му стои на патот, па најверојатно ќе си замине ова лето. Тој оваа сезона беше стартер само на 10 меча, а најсилен интерес за него покажува Фиорентина.

Филипе Кутињо оваа сезона беше на позајмица од Барселона, а Баерн потврди дека нема да ја активира опцијата за негов откуп. Бразилецот синоќа го одигра последниот меч за Баварците.

Слична е судбината и на Перишиќ, кој е на позајмица од Интер, а после доаѓањето на Лерој Сане за него повеќе нема да има место во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…