Лука Дончиќ го повреди скочниот зглоб во третата четвртина и не го заврши натпреварот против ЛА Клиперси, а неговите соиграчи не успеаа да го свртат натпреварот.
Клиперси славеа против Далас со 130:122 и така поведоа со 2:1 во серијата. Дончиќ се обиде да го продолжи натпреварот сепак не можеше. И покрај повредата тој за времето кое го помина на паркетот успеа да оствари трипл-дабл со 13 поени, 10 скока и 10 асистенции. Со овој трипл-дабл тој стана третиот најмлад играч со ваков учинок по Меџик Џонсон и Леброн Џејмс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ouch… pic.twitter.com/1xGv5247Sn
— Joey Hayden (@_joeyhayden) August 22, 2020
Каваи Ленард беше најефикасен кај Клиперси со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции, а на другата страна Порзингис запиша 34 поени и 13 скока.
Во останатите натпревари Јута го декласираше Денвер со 124:87 за водство од 2:1, Бостон ја совлада Филаделфија со 102:94 и веќе има 3:0, а до оваа предност во серијата дојде и Торонто славејќи против Бруклин со 117:92.