Барселона во петокот доживеа неверојатна катастрофа во ЛШ со поразот во четвртфиналето од Баерн со 8:2.
Каталонците беа понижени од германскиот противник, а играчите се најдоа на големи критики од јавноста. Но, еден од нив беше на најголем удар, а станува збор за Нелсон Семедо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалецот имаше очајна ноќ во Лисабон против Баерн. Неколку реакции на Семедо беа клучни за головите на германскиот клуб.
Тоа беше случај и при последниот гол на Баерн кога дефанзивеците на Барса се обидоа да направат офсајд замка, но тука “заспа“ Семедо што Баварците веднаш го казнија.
Фотографијата која покажува како Семедо реагираше во таа ситуација е ударна тема во Барселона. Дури некои медиуми го прогласија Семедо за најлошиот десен бек во историјата на Барса, а како објаснување се повикаа на оваа фотографија.