Дома Фудбал Лига на шампиони Фотографијата на Меси од соблекувалната на Барселона покажува многу

Фотографијата на Меси од соблекувалната на Барселона покажува многу

Фудбалерите на Барселона синоќа беа катастрофално поразени од Баерн во четвртфиналето на ЛШ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе трета година по ред Барселона во ЛШ доживеа дебакл, а после Рома и Ливерпул се чини дека најголемиот удар го доби од Баерн. Каталонците синоќа примија дури осум погодоци и се чини покажаа дека ова е крај на една генерација.

Навивачите веќе со години се потпираат на Лионел Меси, но јасно е дека тој не може сам. На Барселона и се потребни големи промени во играчкиот кадар, а Баерн тоа им го покажа на најлош можен начин.

Колку овој пораз тешко му падна на Меси најдобро покажува фотографијата од соблекувалната. Аргентинецот разочарано седеше и јасно е дека немаше сила било што да им каже на своите соиграчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразил „гори“ поради последните информации за Нејмар

Бразил вечерва во 3. коло од Групата Ц ќе игра против Шкотска, и се чини дека Нејмар може …