Дома Фудбал Кике Сетиен добил отказ!?

Кике Сетиен добил отказ!?

Кике Сетиен добил отказ после натпреварот против Баерн.

Угледниот новинар Фабрицио Романо синоќа објави дека раководството на Барселона одлучило да му врачи отказ после поразот од 8:2 и тој повеќе нема да ја предводи екипата.

Официјалната одлука од клубот би требало да биде соопштена денеска, а уште еден познат и угледен новинар Ди Мацио ги донесе имињата на потенцијалните наследници.

Тој пренесува дека новиот тренер ќе се бира помеѓу Чави и Маурисио Покетино. Повеќе информации се најавени за денеска, но промената на клупата е веќе извесна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас замина при 0-0, Аталанта падна во финишот; Херера славеше со Борац

Аталанта загуби со 0-2 во Амстердам, со двата гола примени по замената на Елмас. Борац ја …