Дома Фудбал Италија Морати: Едно да испаднете од ПСЖ, а друго од седмиот во Франција

Морати: Едно да испаднете од ПСЖ, а друго од седмиот во Франција

Поранешниот прв човек на Интер, Масимо Морати испрати провокација до Јувентус поради елиминацијата од Лион во осминафиналето во Лигата на шампионите.

На Ф8 турнирот во Лисабон Италија имаше само еден претставник и тоа беше екипата на Аталанта. Аталанта одигра одлично против ПСЖ, но прими два гола од ПСЖ во финишот и беше елиминирана. Јувентус претходно во осминафиналето доживеа изненандувачка елиминација од Лион.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Масимо Морати сега зборуваше за оваа ситуација.

„Видете, едно да ве елиминира ПСЖ, а друго да испаднете од тим кој е седми во Франција. Искрено, овие две работи не може да се споредуваат. Во Интер чекавме 45 години да ја освоиме повторно ЛШ, Јуве сега е на чекор од сребрена свадба во својот пост (25 години), можеби нема да чекаат колку нас“, изјави Морати.

Ќе потсетиме, Интер не ја помина групата во ЛШ па продолжи во Лигатан а Европа каде што сега ќе игра полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Слот откри дали зборувал со сопствениците на Ливерпул по вчерашниот пораз

Менаџерот на Ливерпул Арне Слот одржа прес-конференција по вчерашното фијаско против ПСВ А…