ПСЖ вчера во драматичен натпревар со головите во 90 и 93 минута од судиското продолжение направи пресврт и ја елиминираше Аталанта од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Ако ПСЖ не се пласираше во следната фаза еден од главните виновници ќе беше Нејмар кој до последната минута пропушти неколку големи прилики. Сепак, во последната минута намести гол за спас на ПСЖ. Маркињос изедначи, а само 149 секунди подоцна Чупо Мотинг постигна гол за победа.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
„И покрај драматичната победа, ниту на секунда не помислив дека ќе испаднеме. Ништо не може да ме разубеди дека одиме во финале. Заедно поминавме низ тешка фаза, ние сме семејство. Невозможно е како такви да бидеме елиминирани. Ни остана еден натпревар до финалето и две за освојување на ЛШ“, изјави Нејмар.
ПСЖ во полуфиналето на 19 август ќе игра против победникот од утрешниот натпревар помеѓу Лајпциг и Атлетико.