Дома Фудбал Лига на шампиони Јувентус уште ќе чека на ЛШ, Лион ќе игра во Лисабон, Варан трагичар за Реал ?

Јувентус уште ќе чека на ЛШ, Лион ќе игра во Лисабон, Варан трагичар за Реал ?

После долга пауза вечерва се одиграа дел од реванш натпреварите во двомечите Јувентус – Лион и Манчестер Сити – Реал.

Манчестер Сити вечерва на свој терен бранеше предност од првиот натпревар и успеа да забележа нова победа против „кралевите“. Најлошиот натпревар во кариерата вечерва го одигра Рафаел Варан. Варан со две кардинални грешки по една во првото и една во второто му овозможи на Сити да слави победа од 2:1 и така да се пласира на завршниот турнир на најдобрите осум во Лисабон.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во вториот натпревар Јувентус забележа пирова победа против Лион и изненадувачки настапот во ЛШ го заврши уште во оваа фаза иако апетите на навивачите и луѓето во клубот беа далеку поголеми.

Лион во првиот натпревар во Франција победи со 1:0 и поради голот во гости вечерва се пласираше во следната фаза. Во првото полувреме видовме по еден гол на двете страни и тоа на ист начин, од пенал. Во вториот дел Роналдо постигна фантастичен гол за конечни 2:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…