Финскиот возач Валтери Ботас денеска има причина да биде задоволен.
Ботас преку социјалните мрежи објави дека добил едногодишно продолжување на соработката со екипата на Мерцедес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, тој е член на Мерцедес од 2017. година после заминувањето на Нико Розберг во пензија и од тогаш се покажа како добар тимски колега на Луис Хамилтон.
Константно добива едногодишни договори па така беше и овој пат.
На овој начин Мерцедес реши едно возачко прашање за следната сезона, а наскоро се очекува да потврди и продолжување на соработката со Хамилтон.
? Breaking ?
— Valtteri Bottas (@ValtteriBottas) August 6, 2020
Very happy and proud to let you know that I have signed and will be racing with @MercedesAMGF1 next year ?https://t.co/WSixuAOdXa#VB77 #F1 #NeverGiveUp pic.twitter.com/jpNmgYaY0M