Искусниот италијански стратег Маурицио Сари би можел утре да остане без работа, барем така пишуваат италијанските медиуми.
Според информациите од Италија во случај Јувентус да не го помине Лион во осминафиналето од ЛШ Сари ќе биде отпуштен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме Јувентус го изгуби првиот натпревар во Франција во февруари со 1:0 и утре во Торино ќе треба да ја надополни негативната за пласман на завршниот турнир во Лисабон.
Доколку тоа не се случи бројни италијански медиуми тврдат дека на Сари ќе му биде покажана излезната врата. Тоа и нема да биде премногу чудно затоа што Масимилијано Алегри минатата година доби отказ по испаѓањето во четвртфиналето.
Мислењата помеѓу навивачите се поделени едни сметаат дека Сари треба да добие шанса и во новата сезона, а други пак тврдат дека треба да има промена поради слабата игра која ја прикажуваше „старата дама“ во финишот од сезоната.
Подобриот од овој дуел во четвртфиналето ќе оди на дуел со победникот од Манчестер Сити – Реал Мадрид.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Лион се игра утре во 21:00 часот, во ист термин играат и Сити – Реал.