Tимот на Денвер изминатата вечер го победи Сан Антонио со 132:126, а нов одличен настап имаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Јокиќ по трипл-фаблот против Оклахома одново прикажа игра на највисоко ниво. Против Сан Антониот Јокиќ стигна до дабл-дабл со 25 поени и 11 асистенции, а додаде и уште четири скока за 32 минути поминати на теренот. Најефикасен кај Денвер беше Мајкл Портер со 30 поени и 15 скока. Во редовите на Спарси Руди Геј беше најрасположен со 24 поени.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
За Денвер ова беше прва победа по продолжението на НБА, додека Сан Антонио го запиша втроиот пораз во низа.
Лејкерси беа очајни и забележаа порад од Оклахома со 86:106. Колку Лејкерси беа лоши на паркетот доволно зборува податокот дека ова беше прв натпревар сезонава во кој тимот од ЛА ниту еднаш не поведе. Реализацијата им беше на очајни 35.2%.
Леброн натпреварот го заврши со 19 поени и 11 скока, додека Дејвис постигна само девет поени. Крис Пол во редовите на Оклахома беше најефикасен со 21 поен. Ќе потсетиме Лејкерси претходно веќе го обезбедија првото место на западот.
НБА резултати:
Јута – Мемфис 124-115
Вашингтон – Филаделфија 98-107
Сан Антонио – Денвер 126-132
ЛА Лејкерс – Оклахома 86-105
Орландо – Торонто 99-109
Бостон – Бруклин 149-115