Oд поодамна еден трансфер во футсалот не привлекол толку внимание како овој на Рикардо Фелипе Да Силва Брага или познат како Рикардињо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Рикардињо во јануари најави заминување од Интер Мовистар, меѓутоа тој трансфер се реализираше дури денес. Португалецот од денес официјално е играч на францускиот клуб АЦЦС Футсал Клуб.
Овој 34 годишен играч со репутацијата најдобар футсал играч во светот дресот на Интер Мовистар го носеше во последните седум години и за тоа време освои пет титули, вклучувајќи и ја и оваа во последната сезона, три купа, еден кралски куп и две Лига на шампиони.
Од 2010 до 2018 година Рикардињо дури шест пати беше избиран за најдобар футсал играч во светот, а во 2018 стана и шампион на Европа со Португалија.