Арсенал со 2-1 ја доби битката против градскиот ривал Челси во финалето на ФА-купот, па така го освоија трофејот.
Главниот судија на мечот не беше најдобар, па предизвика многу контроверзи и ги налути навивачите на Челси, кои може да бидат незадоволни и кои тврдат дека се оштетени неколку пати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот пат ги налути при вториот жолт картон за Ковачиќ додека втората ситуација ќе биде актуелна неколку дена.
На крајот на 80. минута голманот Мартинез фати една долга топка, а на прв поглед се гледаше како да е надвор од казнениот простор. Тоа што дополнително ја комплицира работата е тоа што немаше ВАР-проверка.
Доколку беше досудено играње со рака, Мартинез сигурно ќе добиеше директен црвен картон, па мечот ќе беше неизвесен уште 10 минути.