Дома Фудбал Италија Газета: Ибрахимовиќ донесе одлука за својата иднина

Газета: Ибрахимовиќ донесе одлука за својата иднина

Златан Ибрахимовиќ на почетокот на оваа сезона пристигна во Милан како слободен играч и потпиша договор до крајот на сезоната.

Многумина се сомневаа дека Ибра може да направи нешто повеќе во Милан поради неговата возраст, но се излажаа. Од јануари во Серија А одигра 17 натпревари, постигна девет погодоци и пет асистенции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ибра така покажа дека има уште многу што да покаже, односно дека се уште не е време за пензија. Неговиот договор со Милан истекува во наредните денови и сигурно за неговата иднина ќе се знае на почетокот на август.

Сепак, Газета дело Спорт пишува дека Ибра донел одлука, односно одлучил да остане во Милан. Тој ќе потпише едногодише договор, а официјална потврда се очекува наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Саудијците повторно за Винисиус: Неговиот трансфер е можен!

Поранешниот шеф на Барселона, Рамон Планес, сега спортски директор во Ал-Итихад, јавно збо…