Управата на Барселона очајнички се обидува да го продаде играчот од кој многу се очекуваше, а тоа е Осман Дембеле.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот неколку пати ја намалуваше цената за играчот, меѓутоа никој не сакаше да плати толку пари.
Во Барселона се подготвени за неверојатен потег, а тоа е да ја симнат неговата цена за дури 30 милиони евра. Првично Каталонците бараа 90 милиони евра, а сега се спремни да го продадат за 60 милиони евра.
Каталонците го платија Дембеле 130 милиони евра и ќе бидат во голема загуба со негов трансфер.
Дембеле веќе три години го носи дресот на Барса, но не ги оправда очекувањата, а оваа сезона е повеќе повреден отколку што играл.
Интерес за Французинот покажуваат клубовите од Премиер лигата и Јувентус.