Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски го продолжи договорот со екипата од Кипар, АЕК Ларнака на уште две години, а информацијата ја потврди клубот преку официјалниот веб-сајт.
Управата на кипарскиот тим објави дека е среќна затоа што успеале да се договорат со македонскиот фудбалер за нова соработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тричковски пристигна во АЕК Ларнака пред четири ипол години, а притоа успеа да запише 163 настапи во сите натпреварувања. Исто така, постигна 67 гола во домашното првенство, 10 во Купот и уште 20 во европските натпреварувања.