Дома Фото Георгина знаеше како да ја прослави титулата на Јуве: Ти си најдобриот на универзумот

Георгина знаеше како да ја прослави титулата на Јуве: Ти си најдобриот на универзумот

Јувентус синоќа и официјално по деветти пат во низа ја освои титулата во Серија А.

Старата дама ја продолжи доминацијата на Апенините и на две кола пред крајот ја осигураа титулата. Јувентус не беше брилијантен оваа сезона, но и покрај тоа успеа да ја одбрани титулата и да ја продолжи доминацијата во Серија А.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


На Инстаграм синоќа се огласи и понежната половина на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, која знаеше како да ја честита новата титула. Таа објави фотографија со нивните деца и напиша фантастична порака.

„Заедништвото не прави силни и денеска повторно сме прваци. Не знам кој збор треба да го кажам за да ја опишам твојата посветеност и тоа што го работиш. Ти си инспирација за сите нас и најдобар на универзумот. Тоа продолжуваш да го работиш 24 часа и 365 дена од година во година, но секогаш се исплати. Славиме во пижама парти.“ – порача Георгина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Поранешната голема надеж на Тотенхем може да ја заврши кариерата на 29 години

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али, кој во едно време се сметаше за еден од нај…