Дома Фудбал Несторовски: Жалам што не можевме да прославиме со навивачите

Несторовски: Жалам што не можевме да прославиме со навивачите

Нашиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски синоќа беше стрелец против Јувентус во победата на Удинезе од 2:1.

Ова за него беше трети погодок оваа сезона, откако претходно стрелаше против Рома и Сампдорија.

После натпреварот Несторовски на фејсбук напиша дека жали што оваа важна победа не ја прославиле заедно со навивачите.

„Многу важна победа, заслуживме да се израдуваме, среќен сум за мојот прв гол постигнат дома, жалам што не можеме да ја прославиме оваа победа со навивачите“

Со оваа победа Удинезе е на чекор да обезбеди опстанок во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…