Играчите на Бундеслигата го избраа Роберт Левандовски за најдобар играч во лигата, а познато е и кој е најголемото разочарување во истиот избор.
Со дури 30% од гласовите за најголемо разочарување е избран Марио Геце. Човекот кој го постигна победничкиот гол во финалето на Светското првенство 2014 година повеќе не е истиот играч и сезонава запиша само 15 настапи во Бундеслигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Александер Неубел поранешниот голман на Шалкје кој претходно овој месец во бесплатен трансфер премина во Баерн е второто најголемо разочарување со 11.5% од гласовите. Во топ 5 се уште поранешните ѕвезди на Премиер лигата Саломон Калу и Фелипе Кутињо.