Дома Фудбал Останато Шефот на обезбедувањето објасни зошто Халанд бил исфрлен од ноќниот клуб

Шефот на обезбедувањето објасни зошто Халанд бил исфрлен од ноќниот клуб

Минатата сабота 19 годишниот напаѓач на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд беше исфрлен од ноќен клуб во Норвешка, а видеото кое се објави на социјалните мрежи брзо се рашири.

Шефот на обезбедувањето во ноќниот клуб од кој Халанд беше исфрлен објасни што се случило.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Видеото на кое се гледа како Халанд е исфрлен од клубот во текот на викендот го обиколи светот, па дури се огласи и неговиот татко Алф Инге кој кажа дека Ерлинг треба да се врати на работа и дека ноќниот живот не е за него.

Кристофер Несхеим, менаџерот на обезбедувањето за „Билд“ ја објасни ситуацијата.

„Ерлинг не беше пијан. Беше кооперативен и покажа разбирање за ситуацијата после разговорот надвор. Поради ситуацијата со Ковид-19 не беше безбедно да влезе внатре па затоа го замоливме да замине. Знаевме дека околу него ќе почнеа да се собираат бројни навивачи и ќе бараат да се фотографираат и да разговараат. Тоа не е препорачливо во ваква ситуација“, изјави Несхеим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…