Дома Фудбал Италија Гасперини за пеналите: Само кај нас во Италија се вакви правилата

Гасперини за пеналите: Само кај нас во Италија се вакви правилата

Аталанта вчера пружи уште еден добар натпревар, сепак против Јувентус не успеа да победи.

Водеше Аталанта два пати во Торино, но Јувентус благодарение на пеналите успеа да го избегне поразот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Конечните 2:2 ги постави Роналдо со голот од белата точка во 89. минута. Двата пенали Јувентус ги доби после играње со рака на играчите на Аталанта во шеснаесетникот, а на оваа тема по натпреварот зборуваше тренерот на Аталанта Џампиеро Гасперини.

Гасперини смета дека вакви пенали во други држави не се судат, додека во Италија ги имало и претходно.

„Такви се правилата. Всушност, такви се правилата тука во Италија. Што треба да направиме да им ги исечеме рацете на нашите фудбалери? Бранејќи се со рацете позади грбот тие ќе бидат како создадени некој да ги издрбила…Ова не е првпат да видиме вакви пенали, имаше повеќе во текот на сезоната. Тоа е лудост, правилата овде се толкуваат поинаку. Во другите држави не се даваат така пенали. Тука се такви и тоа мораме да го прифатиме“, изјави Гасперини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…