Повратничката сезона на Балотели и Бреша во Серија А не помина успешно.
Од поодамна „пукна тиквата“ на „Ригамонти“ па Балотели доби слободни документи и пред сезоната да заврши да си замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Балотели Мино Раиола веќе некое време бара нов ангажман за својот клиент, а неодмана се појави информација дека би можел да се пресели во Бока Јуниорс. Наводно аргентинскиот гигант бил блиску до потписот на Балотели.
Меѓутоа сега би можел да настане проблем. Балотели се мачи со одржувањето на физичката форма, а според последните информации кои ги објави италијанскиот клуб „Супер Марио“ е во форма на „рекреативец“.
Бреша ги промени информациите и објави дека Балотели е висок 190 сантиметри, а тежок 99.8 килограми што значи дека има вишок околу 8-9 килограми.