Дома Фудбал Пеле му честиташе на Меси на големиот јубилеј: Уживање е што те гледаме

Пеле му честиташе на Меси на големиот јубилеј: Уживање е што те гледаме

Бразилската легенда Пеле испрати честитка и посебна порака до Лионел Меси по голот на Аргентинецот против Атлетико кој беше негов 700. во кариерата.

Не е голем бројот на играчи кои во кариерата успеале да постигнат 700 гола. Покрај Меси на оваа листа се: Пушкаш, Ди Стефано, Кристиано Роналдо, Ромарио, Герд Милер…

„За Меси не треба некој посебен вовед. Тој е неуморен, одличен, прекрасен…Уживање е да те гледаме. Добредојде во клубо 700. Ви благодарам за уживањето кое ни го овозможувате“, гласи пораката на Пеле на неговиот Инстаграм профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…