Дома Фудбал Италија Бешикташ го враќа Боатенг назад во Италија

Бешикташ го враќа Боатенг назад во Италија

Кевин-Принс Боатенг ќе се врати назад во Фиорентина откако во Бешикташ одлучиле да не го откупат неговиот договор.

33-годишниот офанзивен играч во јануари се пресиле во Бешикташ на позајмица, а во осум настапи во турската Супер лига успеа да постигне два голови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


beIN Sports тврди дека турскиот великан одлучил да не ја искористи опцијата за откуп на договорот, но и да не побара продолжување на позајмицата.

Сега останува да видиме дали Фиорентина ќе го задржи Боатенг или уште ова лето ќе се обиде да го продаде.

Боатенг во Фиорентина пристигна во јули 2019. година од Сасуоло за 1.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…