Медиумите во Италија на големо пишуваат дека Андреа Пирло наредната сезона ќе го води У-23 тимот на Јувентус.
Познатиот Ди Марцио тврди дека Пирло ја прифатил понудата да започне тренерска кариера во вториот тим на италијаскиот шампион. Легендарниот италијански фудбалер и претходно најавуваше дека планира да започне тренерска кариера и тоа по се изгелда ќе го направи во клубот каде што ги одигра последните години на високо ниво во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус го доведе Пирло од Милан во 2011 како слободен играч и тоа беше еден од најдобрите потези во поновата историја на „старата дама“. Пирло стана клучен играч во градењето на тимот на Јувентус кога овој тим ја започнуваше доминацијата во Италија.
Кариерата Пирло ја заврши во Њујорк Сити, а на клупата на У-23 тимот кој се натпреварува во Серија Ц Пирло би го наследил Фабио Пекија.