Македонскиот фудбалер Стефан Спировски е презентиран во нов фудбалер на кипарскиот АЕК Ларнака.
АЕК Ларнака уште пред три недели го најави трансферот на македонскиот фудбалер, а денес тој и официјално беше потврден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спировски потпиша договор на две години и во новиот клуб ќе биде соиграч со Иван Тричковски и Даниел Мојсов.
„Среќен сум што станувам дел од АЕК Ларнака. Ќе дадам се од себе за да помогнам клубот да ги оствари своите цели“, изјави Спировски на потписот на договорот.
Коментари