Дома Фудбал Италија Во Интер е шест години, нема одиграно ниту минута ама има два црвени картони

Во Интер е шест години, нема одиграно ниту минута ама има два црвени картони

Toмазо Берни е име кое им е познато само на оние кои повеќе го следат италијанскиот фудбал.

Берни потпиша за Интер уште во 2014 година, но од тогаш е „вечна резерва“. 37 годишниот голман кој е роден во Фиренца нема одиграно ниту минута на официјалните натпревари на Интер, но има два црвени картони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Исклучувањата Берни ги заработи поради избувнување на клупата за резерви и тоа двете исклучувања ги заработи оваа сезона.

Овој голман беше исклучен против Парма, а претходно против Каљари и во двете ситуации причина беше приговор кон судиите.

Пред Интер го носеше дресот на Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шампионската лига се врати со многу голови и интересни резултати

Шампионската лига се врати спектакуларно, бидејќи првите шест натпревари од главната фаза …