Артур Мело имаше прилично исполнет викенд. Во саботата беше во Виго, а во неделата правеше медицински прегледи во Торино.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако одигра неколку минути во ремито со Селта Артур се упати во Торино каде што вчера ги помина медицинските прегледи. Иако официјална потврда нема, размената Артур – Пјаниќ во која Јувентус ќе доплати 10 милиони евра е завршена работа.
Артур утрово се појави на тренингот на Барселона. Пред самиот почеток тој ги собра играчите на центарот на теренот и одржа говор. Додека 23 годишникот зборуваше сите слушаа вклучувајќи ги и најголемите ѕвезди. Бразилскиот фудбалер ги објаснил причините за трансферот и дал ветување дека нема да ги изневери.
Тој ветил максимално залагање и борбеност до крајто на сезоната после што го чека нов предизвик во Јувентус.
? ¡ARTHUR TOMA LA PALABRA!
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) June 29, 2020
? ¿Momento de la DESPEDIDA? pic.twitter.com/pU27lMDP6g