Дома Тенис Кирјос: Ѓоковиќ и Иванишевиќ водат 2:0 против коронавирусот

Кирјос: Ѓоковиќ и Иванишевиќ водат 2:0 против коронавирусот

Ник Кирјос продолжува да го критикува Новак Ѓоковиќ и неговиот тим поради ширењето на коронавирусот на „Адрија Тур“.

Пред неколку дена беше потврдено дека Ѓоковиќ е заразен, а вчера и неговиот тренер Горан Иванишевиќ кој беше директор на турнирот објави дека е заразен.

Кирјос после позитивниот тест на Ѓоковиќ испрати критики, а не пропушти да се огласи и после објавата за Иванишевиќ.

„Гем за организаторите на турнирот. Организаторите водат 2:0 во гемови“, напиша Кирјос со фотографија од Ѓоковиќ и Иванишевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Алкараз пред „големата тројка“: Муратоглу ги спореди трофеите на иста возраст

Со седум гренслем-титули на 23 години, Алкараз има подобар учинок од Ѓоковиќ, Надал и Феде…