Дома Фудбал Италија Со Марадона ја покори Италија, а денес е бездомник во близина на Наполи

Со Марадона ја покори Италија, а денес е бездомник во близина на Наполи

Пјетро Пузоне играше во славниот период на Наполи во времето со Диего Армандо Марадона.

Денес, 30 години подоцна поранешниот играч за врска на Наполи живее на улица и едвај преживува од ден во ден, објави „Газета дело Спорт“ која ја пренесува приказната за Пузоне.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пузоне е бездомник, спие на улица во Ачери градче на 14 километри од Наполи. Бездомник стана поради низата проблеми во кои се впушти. Имено тој стана зависник од дро*а и неговиот живот толку се промени што дојде до тоа да биде и бездомник. Иако беше освојувач на Скудето и заработи доволно за нормален живот.

Градоначалникот на Ачери, Рафаел Летиери изјави дека се работи на тоа животот на Пузоне да се доведе во нормала.

„Се обидуваме да го изведеме на вистинскиот пат, но советувањата и одвикнувањето не помогнаа. Се надевам дека ќе успееме во нашата намера“, изјави Летиери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…